Почитувани,
Ве известуваме дека пристигнати се картичките за ,,зелена нафта” во Подрачната канцеларија на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Јегуновце и истите можат да се подигнат секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.
Преку оваа мерка значително се помага буџетот на секој земјоделец во поглед на поголеми приходи за секое земјоделско семејство и повеќе можности за развој на земјоделското стопанство.