Вести, Известувања|

Општина Јегуновце вчера, 8 октомври 2026 година, беше домаќин на делегација од Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа. На работната средба што се одржа во просториите на Општината, градоначалникот Димитар Костадиновски и претседателката на Советот на Општина Јегуновце, Марија Рафајловска, остварија плоден и конструктивен дијалог со европските претставници.

Средбата се реализираше во рамките на мониторинг-посетата на земјава за следење на имплементацијата на Европската повелба за локална самоуправа. Во фокусот на разговорите беа клучни прашања поврзани со развојот на локалната самоуправа – од актуелните реформи, буџетот и финансиската состојба на општината, па сè до меѓуопштинската соработка и зголемувањето на вклученоста на младите и граѓаните во процесите на носење одлуки и јавниот живот.

Оваа посета претставува значајна можност за согледување на состојбите на локално ниво и зајакнување на демократските процеси во Општина Јегуновце.