Општина Јегуновце ги известува граѓаните дека во периодот на 17 и 18 август 2026 година, стручните екипи на Д.П.Т.У. „ПРОНТТО“ ДООЕЛ, во соработка со Општина Јегуновце, ја спроведоа третата фаза од терестичката адултицидна дезинсекција (прскање против комараци и други штетни инсекти) на целата територија на општината.
Акцијата се реализираше плански и според утврдените стандарди за заштита на јавното здравје и животната средина, со цел ефективно намалување на бројноста на инсектите и обезбедување поголема заштита за сите жители.
Општина Јегуновце им се заблагодарува на граѓаните за покажаната соработка, разбирањето и придржувањето кон препораките за време на извршувањето на третманите. Локалната самоуправа и понатаму останува посветена на преземање редовни мерки за заштита на чистата и здрава животна средина во сите населени места.
За сите идни активности и следни фази од превентивните мерки, граѓаните навремено ќе бидат известени преку официјалната веб-страна и социјалните профили на Општина Јегуновцe.

