Општина Јегуновце ги информира граѓаните дека започнаа градежните активности за втората фаза од проектот за изградба на фекална канализација. Со оваа фаза ќе бидат опфатени населеното место Подбреѓе и дел од населеното место Јанчиште.
Овој капитален проект претставува трајно решение за долгогодишните инфраструктурни проблеми на жителите од овој дел на општината. Главните цели на оваа инвестиција се:
- Подобрување на условите за живот на граѓаните
- Заштита на животната средина и еколошкиот систем
- Модернизација на локалната инфраструктура.
Општина Јегуновце останува посветена на одговорното работење и реализацијата на проекти кои се од директен интерес за сегашните и идните генерации. Продолжуваме со инвестиции во клучните капацитети за подобра заедничка иднина.
