Вести|

На ден 11.11.2025, градоначалникот на општина Јегуновце оствари средба со Митрополитот Тетовско-Гостиварски господин Јосиф и ѓакон Илија.

Средбата беше исполнета со споделување на заеднички мислења и пораки за црковните прашања и потреби, но и заедничките пораки за негување на религијата, верата и традиционалните вредности кај граѓаните од општина Јегуновце од православна вероисповед.

Голема благодарност за денешната посета и за честа што можевме да разговараме и да ја зајакнеме соработката за црковните и верски прашања. Стоиме на располагање за поддршка и помош до сите верски претставници и лидери и до сите граѓани кои се дел од општина Јегуновце без разлика на верска припадност.

Само така сплотени, заеднички ќе ги надминеме разликите и предизвиците.