Се известуваат сите жители на општина Јегуновце, дека на ден 01.07.2025 (вторник) и 02.07.2025 (среда) Компанијата ТРУЛИ НОЛЕН во соработка со општина Јегуновце ќе ја реализира втората терестичка дезинсекција на подрачјето на општина Јегуновце, за уништување на возрасните форми на комарци и останати штетници.
Дезинсекцијата ќе се изведува навечер после 22:00 часот до раните утрински часови.
Воедно, ги известуваме сите пчелари навремено да ги заштитат нивните пчели.
Во случај на неповолни временски услови истата ќе биде одложена за што дополнително ќе ве информираме.