На 13.02.2025 година се одржа четвртата форумска сесија во општина Јегуновце, во рамките на проектот ,,Зајакнување на општинските совети – фаза 2”.
Во рамките на оваа сесија граѓаните го дадоа својот глас за проектот кој што сметаат дека е приоритетен за нивната општина, а поврзан со избраната тема на форумот – заштита на животната средина. Проектите беа развиени од страна на самите граѓани, нивното учество е од огромно значење и ќе придонесе за понатамошна реализација на избраниот проект на кој што општината ќе работи со поддршка на УНДП.


