Со мнозинство гласови од советниците, Советот на општина Јегуновце на четириесет и деветата седница го изгласа буџетот на општина Јегуновце за 2025 година.
Предвидениот буџет е одговор на реалните потреби и проекти што ќе бидат реализирани наредната година. Изгласаниот општински буџет е граѓански, донесен во консултација преку директни средби и контакти со жителите на општина Јегуновце, а повеќето од искажаните потреби кои се остварливи и во надлежност на локалната самоуправа се дел од буџетските ставки за 2025 година.
Буџетот за 2025 година е развоен, со предвидени проекти и инвестиции во сите населени места во општина Јегуновце.
