Градоначалникот на општина Јегуновце заедно со претставници од општината одржа состанок и средби со граѓаните за креирање на Буџетот за 2025 година.
Граѓаните имаа можност да ги дадат своите предлози и идеи и да дискутираат на теми поврзани со буџетот за наредната година.
Со активното учество на граѓаните, ќе се придонесе во создавањето подобри услови за живот и работа во нашата општина.
Сите предлози се разгледани, и со општинскиот Буџет за 2025 година ќе се решат многу проблеми кои ги засегаат граѓаните и ќе се имплементираат нови проекти.
Сите заедно учествуваме за подобра, модерна и просперитетна општина Јегуновце.


