Вести|

Општина Јегуновце ги известува граѓаните дека на ден 09 и 10.07.2026 година , во соработка со компанијата Д.П.Т.У. ПРОНТТО ДООЕЛ, ќе се реализира втора терестрична адултицидна дезинсекција на подрачјето на Општина Јегуновце, со цел уништување на возрасните форми на комарци и други штетни инсекти.

Третманот ќе се изведува во вечерните часови, по 23:00 часот, и ќе трае до раните утрински часови, исклучиво при поволни временски услови. Доколку на денот на реализација има врнежи или засилен ветер, активностите ќе бидат одложени за наредниот ден, односно за првиот следен ден со соодветни временски услови.

Дезинсекцијата ќе се спроведува согласно претходно изготвен план и динамика на активности, при што ќе бидат опфатени сите локации предвидени во техничката спецификација и барањето за прибирање понуди.

За третманот ќе се користи препаратот Aqua K-Othrine 2 EW, во концентрација пропишана од производителот и согласно упатството за употреба, во сооднос од 100 ml препарат на 1 литар вода.

Препораки до граѓаните

Се препорачува во периодот на спроведување на дезинсекцијата:

  • Да се избегнува непотребно движење и престој на отворено во зоните каде што се врши третманот;
  • Да се затворат прозорците и вратите на домовите за време на третирањето;
  • Да се заштитат домашните миленици и добитокот од директна изложеност на препаратот;
  • Да се покријат или отстранат садовите со вода и храна кои се наоѓаат на отворен простор.

Известување до пчеларите

Особено се апелира до сите пчелари на територијата на Општина Јегуновце навремено да преземат соодветни мерки за заштита на пчелните семејства за време на спроведувањето на дезинсекцијата.