Недела 14.08.2022 во19:30ч во присуство на голем број гости и љубители на фудбалот започна традиционалниот турнир во мал фудбал “Сиричино 19/22”

На отварањето следеше почесна програма со говор на организаторот и  поздравување на спонзорите, за потоа турнирот да го отворат со ревијален натпревар екипите на ветерани Вардар Сиричино – ветерани ФК Тетекс.

Во 21:15ч започна првиот натпревар од групната фаза помеѓу екипите на Вардар Сиричино и Мида метал таки глас.

Бројот на екипи изнесува 28, натпреварите се играат во две фази: првата фаза по групи и втората елиминациона фаза.

Голем придонез за турнирот несебично дава и локалната самоуправа на Општина Јегуновце.

Општина Јегуновце постојано вложува средства за развој на спортот, издвојува средства како на регистрираните спортски клубови, така и за организирање на турнири по населените места.

Accessibility