Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули во работна посета на Општина Јегуновце

Денес 20.09.2018 година заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули во работна посета на Општина Јегуновце.

Тој најпрво оствари средба  со првиот човек на општина Јегуновце градоначалникот Дарко Блажески, на која средба беше дискутирано на повеќе теми, разменети беа повеќе меѓусебни мислења,  додека фокусот беше решавање на проблемот со дивите депонии со кој се соочуваат населените места во општина Јегуновце.

Градоначалникот Блажески и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули по работниот состанок го посетија и комбинатот Југохром од Јегуновце каде направија средба со техничкиот директор Славко Стојчески, со што добија информации за состојбата во која се наоѓа овој комбинат и до која фаза се со градежните активности и поставувањето на филтрите.

 

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

Честитка по повод Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември

Локалната самоуправа на Општина Јегуновце и градоначалникот Дарко Блажески на сите жители на Репулика Македонија  им го честитаат 8-ми Септември Денот на независноста на Република Македонија со искрени желби за мир,благосостојба и подобра иднина.

8-ми септември е денот кога пред точно 27 години граѓаните на Македонија го остварија стремежот и го трасираа патот на независна, демократска, самостојна, суверена и слободна Република Македонија.

За многу години да ни е празникот!

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

Започна учебната година и во училиштата во општина Јегуновце, градоначалникот Блажески им посака успех на сите

Градоначалникот Дарко Блажески им го честиташе првиот училишен ден на сите ученици и им посака многу успех во школувањето.

Градоначалникот Блажески  исто така ги посети и им посака успешно добредојде на првооделенците во сите основни училишта во општина Јегуновце.

За време на средбата за сите првачиња од централните и  сите подрачни училишта имаше обезбедено пригодни подароци од Општина Јегуновце за успешен почеток на учебната година.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

Одржана дванаесетта седница на Советот на Општина Јегуновце

Денес 31.07.2018 година со почеток во 09 часот се ордржа дванаесетта седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.

На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Орхан Сабрии, дневенио ред содржеше 3 точки, присутни беа сите 15 советници.

Дневен ред

  1. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средства на Буџетот на општина Јегуновце за 2018 год.
  2. Буџетски календар за дополнување на буџетот на општина Јегуновце за 2018 год.
  3. Предлог – Одлука за определување за определување на места за изборни плакати без надоместок за време на изборната кампања за одржување на референдум.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

Честитка по повод Курбан – Бајрам до сите граѓани од исламска веросиповед

Локалната самоуправа на Општина Јегуновце со градоначалникот Дарко Блажески по повод празникот Курбан Бајрам упатува честитка до сите верници од исламска вероисповед, им посакува наискрени честитки за добро здравје, бериќет, среќа и духовно прочистување.

Првиот ден од Курбан Бајрам е неработен ден за сите граѓани од муслиманска вероисповед.

Изготвил: Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

Започната надградба на регионалниот патен правец Р-29274 место Шемшово-Жилче

По барање на градоначалникот Дарко Блажески, во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта започнати се градежните активности на регионалниот патен правец Р-29274 место Шемшово-Жилче каде се врши надградба на постоечкиот асвалт со нов.

Со овој зафат ќе се изврши целосна надградба во вкупна должина од 3500 метри со што значително ќе се подобрат условите и ќе се олесни одвивањето на сообраќајот во овој дел на општината.

Градежните активности се очекува да завшат до крајот на оваа недела, изведувачи се фирмата Македонија пат, додека средствата за успешна реализација се обезбедени од страна на Јавното претпријатие за државни патишта.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

Во тек е акција за чистење на регионалните патишта во општина Јегуновце

По барање на градоначалникот Дарко Блажески,  во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта започната е акција за чистење на регионалните патишта на територија на Општина Јегуновце.

Со оваа акција се очекува да бидат целосно искосени тревниците, уредени зелените површини и поткастрени дрвјата од двете страни на коловозот на целата територија на Општина Јегуновце со што значително ќе се подобрат условите за одвивање на собраќајот на овие простори.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

 

Изграден парк во населено место Раотинце

На задоволство на месното население, во функција е ставен новоизграден парк во населено место Раотинце.

Направени се пешачки патеки поплочени со бехатонки, нанесена е комплетно нова земјена подлога, поставено е осветлување, клупи за одмор како и канти за отпад.

Со овој проек жителите на населено место Раотинце на располагање ќе добијат пријатно катче за одмор и релаксирање.

За ваков изглед на паркот обезбедени се финасиски средства од  буџетот на општина Јегуновце додека изведувач е фирмата ЕУРО ИНВЕСТ ИН од Тетово.

Градоначалникот Блажески најави дека тука не застанува, како локална самоуправа ќе се залагаме во наредниот период да направиме повеќе вакви паркови во повеќе населени места.

 

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце
Accessibility