Општина Јегуновце 14.09.2016 година – ОУ „Александар Здравковски“ од Јегуновце доби нова термо фасада преку проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција. Ворамките на активностите учениците од ова училиште спроведоа повеќе активности со нивните врсници од ОУ „Шемшово“.
На денешната свеченост во Јегуновце по повод завршувањето на фасадата меѓу присутнитните беа и градоначалникот на Општина Јегуновце Тони Коцескии аташето за воздухопловство во амбасадата на САД во Скопје потполковник Џенифер Форд.
Со оваа термофасада која е од големо значење, учениците ќе учат во подобри услови, ќе имаат потопла зима како и ќе се заштеди со средства наменети за греење.
Општина Јегуновце и ОУ „Александар Здравковски“ како идосега остануваат отворени за соработка со УСАИД при Амбасадата на САД во Скопје.
Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце
Општина Јегуновце 13.09.2016 година – Променети постоечките прозори со новиПВЦ и поставено нови окапници со пластифициран лим во подрачните училишта вонаселено место Сиричино и населено место Копанце.
Со овој проект значително се подобрени условите за нормално инепречено изведување на наставата во овие ПОУ.
Изведувач е фирмата ДЕКО-ИГИ-ТИМ ДОЕЛ Јегуновце, додека средствата зауспешна реализација се обезбедени од страна на „Бирото за рамномерен развој“и Општина Јегуновце.
Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце
По повод 8-ми Септември Денот нанезависноста на Република Македонија, Градоначалникот Тони Коцески испратичеститки до сите граѓаните на Општина Јегуновце, во честитката се вели:
Ми претставува посебна чест и задоволство во мое лично име и во името наЛокалната самоуправа на Општина Јегуновце да ви го честитам 8-ми септемвриДенот кога пред точно 25 години граѓаните на Македонија го остварија стремежот иго трасираа патот на независна, демократска, самостојна, суверена и слободна Република Македонија.
Да ни е вечна и вековита Македонија !
Изготвил: Стојанче Антовски
Општина Јегуновце
Државната компанија МЕПСО во општина Јегуновце гопушти во употреба реконструираниот далновод Скопје – Тетово, со краци кон трафостаниците во Теарце и Јегуновце. Со проектот ќе се обезбеди непречено и стабилно снабдување со електрична енергија на полошкиот регион, кој во изминативе години се соочуваше со проблеми во текот на зимските месеци поради дотраениот далновод. Со проектот се опфатени 187столбови, од кои новоизградени се 158. Изведени се и нови спроводници наелектрична енергија, изолатори, овесна и спојна опрема. Должината надалноводот изнесува 48 километри.
Во тек на реализација е уште еден од низата успешни проекти на Градоначалникот Тони Коцески со тоа што повеќенаменските игралишта во населените места Сиричино, Прељубиште и Јажинце ќе бидат заградени и обележани а со тоа ќе бидат овозможени подобри и побезбедни услови за спортување на младите од овие населени места. Градежните активности се одвиваат според зацртаната динамика, и овие повеќенаменски игралишта се очекува успешно да бидат завршени. Изведувач на овој проект е фирмата Орион Метал со седиште во населено место Непроштено.
Заменик – министерот за земојделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиноски ја посети Општина Јегуновце каде со градоначалникот Тони Коцески извршија увид во спроведувањето на проектите што се подржани од Агенцијата за унапредување на земјоделието и руралниот развој во оваа општина.
Врз основа на член 42 од Законот за рамномерен регионален развој (“Службенвесник на Република Македонија” бр.63/2007,187/2013 и 43/2014 и 215/2016) иОдлука на Владата на Република Македонија бр.42-4039/1 од 17.05.2016 година за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на селата во 2016 година, се склучува:
Секретаријат за прекуграничен регион Шараорганизираше инфо ден во Оптина Јегуновце.
На иформативна сесија беше претставена гранд шемата на која можат даучествуваат со свои проикти: здруженија на граѓани, невладини организации,бизнис сектор, производители на органска храна и производители на традиционалнипроизводи од подрачјето на општина Јегуновце и општина Теарце.