Известување

Се известуваат жителите од населено место Сиричино како и сите останати жители, во деновите 22.09.2019, 29.09.2019, 06.10.2019 и 13.10.2019 гoдина  во временски период од 08.00 па се до 15.00 часот, да не се движат на релација покрај военото стрелиште „Еребино“ да не би дошло до несакани последици бидејќи вработените на СВР Тетово ќе изведат боево гаѓање.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

Известување

Се известуваат жителите на општина Јегуновце во деновите 05-06.08 и 06-07.08.2019 година почнувајќи од 21 часот па се до раните утрински часови ќе биде извршена трета дезинсекција против комарци.

Дезинсекцијата ќе се изврши со УЛВ генератор за ладно замаглување поставено на возило со приколка и предходница од друго возило со ротација.

Со оваа дезинсекција против комарци ќе бидат опфатени зелени површини, населените места како и депониите на територија на општина Јегуновце.

Во случај на неповолни временски прилики истата ќе биде одложена за што дополнително ќе ве информираме.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

Известување

Општина Јегуновце 17.07.2019 година – Поради технички зафат во дистрибутивната електро мрежа на „ЕВН Македонија“ престојните неколку дена без улично осветлување ќе останат корисниците од населено место Шемшово.

Од ЕВН информираат дека работат на решавање на овој проблем.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

Известувања

Поради појава на дефект во резервар „Јегуновце 2“ од регионалниот водовод на општина Јегуновце во прекин е водоводната мрежа која ги снабдува со вода за пиење населените места ,Раотинце, Копанце и Шемшово .

Ве известуваме дека екипи од општина Јегуновце веќе  работат на отклонување на дефектот.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце