И З В Е С Т У В А Њ Е

На денешниот координативен состанок на кризниот штаб со кој раководи градоначалникот на Општина Јегуновце, Дарко Блажески како и последната одлука на Владата за зголемени рестриктивни мерки, со која им се укажа и на верските заедници да не повикуваат на масовни собири и групирања за време на верските празници од 18 декември минатата до 20 јануари оваа година, апелираме да нема групирање и за верскиот празник „Богојавление Водици кој е на ден 19.01.2021 година со цел заштита и ширење на COVID – 19 (Коронавирус)

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

Известување

Се известуваат жителите од населено место Сиричино како и сите останати жители, во деновите 22,26,29 и 30.10.2020 година како и 02.11.2020 година  во временски период од 08.00 па се до 15.00 часот, да не се движат на релација покрај военото стрелиште „Еребино“ да не би дошло до несакани последици бидејќи вработените на СВР Тетово ќе изведат боево гаѓање.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

Поради интервенции на водоводната мрежа, привремено без вода ќе останат дел на жителите од населено место Жилче

Поради интервенции на водоводната мрежа, привремено без вода ќе останат дел на жителите од населено место Жилче.

Ве известуваме дека екипа од комуналното претпријатие ЧИСТОТА ДООЕЛ Јегуновце веќе вршат интервенција на самиот цевковод од водоводната мрежа која се очекува целосно да биде оспособена до 13 часот.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

Известување

Се известуваат жителите на општина Јегуновце во врска со закажаната дезинсекција против комарци која требаше да се изврши деновите 26.05 и 27.05.2020 година почнувајќи од 21 часот се одложува поради неповолни временски услови.

Штом временските услови дозволат истата ќе се реализира за што дополнително и навремено ќе ве информираме.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце
Accessibility