Известување од СВР Тетово

Се известуваат жителите од населено место Сиричино како и сите останати жители, во деновите 04, 05, 06, 09, 11, 12, 13 и 16.05.2022 година  во временски период од 08.00 па се до 15.00 часот, да не се движат на релација покрај военото стрелиште „Еребино“ да не би дошло до несакани последици бидејќи вработените на СВР Тетово ќе изведат боево гаѓање.

Известување

Поради дефект на водоводната мрежа, привремено без вода ќе останат дел од жителите кој се снабдуваат со вода за пиење од регионалниот водовод на општина Јегуновце.

Ве известуваме дека екипа од комуналното претпријатие  веќе вршат интервенција на самиот цевковод од водоводната мрежа кој се очекува целосно да биде оспособен во наредните неколку часа.

Accessibility