Врз основа на члeн 69 став 1 од Законот за животна средина (Сл.весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 51/11) и член 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти како и планови и програми од областа на животната средина (Сл.весник нр.147/08), Центарот за развој на Полошкиот плански регион донесе

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известува заинтересираната јавност дека Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад на Полошкиот плански регион донесе Одлука за спроведување на стратегиска оцена на животната средина за плански документ Регионален план за управување со отпад за Полошкиот плански регион со што е отпочната процедура за стратегиска оцена на планскиот документ.

Нацрт извештајот за стратегиска оцена на животната средина, заедно со Регионалниот план за управување со отпад за Полошкиот плански регион ќе бидат достапни за јавен увид на интернет страната на Центарот за развој на Полошки плански регион (https://rdcpolog.mk) и во просториите на центарот, секој ден од 08.00 до 16.00 часот во текот на периодот за јавен увид (13.11.2019 – 13.12.2019). Јавниот увид ќе трае 30 (триесет) денови од денот на објавувањето на соопштението. Јавните расправи по Нацрт извештајот за стратегиска оцена ќе се одржат во Тетово на ден 12.12.2019 во просториите на салата на советот во 12.00 часот и Гостивар на ден 11.12.2019 година во просториите на салата на советот во 12.00 часот.

Сите коментари поврзани со нацрт извештајот за стратегиска оцена може да се достават на следниот начин:

  • електронски на следната адреса: info@rdcpolog.mk (контакт лице Мерита Рамадани),
  • по пошта на следната адреса: Ул. Његошева бр.2, Тетово,
  • директно во Центарот за развој на Полошки плански регион преку соодветен образец за коментари.

Регионален план за управување со отпад за Полошкиот регион

Нацрт извештајот за стратегиска оцена на животна средина

 

Центар за развој на Полошки плански регион,

Раководител,

Фатмир Саити