Известување за реализирање на проект  „фасилитатори за унапредување на социјален дијалог“

Почитувани

Поради реализирање на проект  „фасилитатори за унапредување на социјален дијалог“ од програма Општинско – корисна работа, ве информираме дека во периододот од 01.07.2022 до 31.03.2023 година во населените места во општина Јегуновце теренска работа ќе вршат двајца фасилитатори за унапредување на социјален дијалог .

Лицата ќе вршат мапирање на терен на социјално загрозени лица, стари и изнемоштени лица и лица со посебни потреби.

Одржана единаесетта седница на советот на Општина Јегуновце

На ден 28.06.2022 година со почеток во 10:30 часот се одржа единаесетта седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.

На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Валентина Марчевска, пристуни беа сите петнаесет советници и градоначалникот Димитар Костадиноски.

Известување за упис на деца во фудбалска школа „Јегуновце 2022“

На задоволство на сите дечиња и родители после долго време ве известуваме дека фудбалската школа „Јегуновце 2022“ повторно означува враќање на фудбалскиот сјај во Јегуновце.

Правилен развој на телото и вистински пријателства се создаваат во раните детски години.

Секоја насмевка е значајна!

Драги дечиња на возрас од 7 до 14 години, сите кој што сте заинтересирани да ја научите магијата на фудбалската бубамара, ве повикуваме на упис во нашата фудбалска школа.

Големи заслуги за повторно активирање на оваа школа има и самата локална самоуправа и градоначалникот Димитар Костадиноски, кој несебично и континуирано ќе вложува во спортот.

Децата се наша иднина, развивањето на здрава младина секогаш ќе биде приоритет за сите нас.

Напомена: Сабота со почеток во 09:00 часот, на стадион во с.Јегуновце официјално започнуваме со тренинзи.

Лице за контакт:

Мишо Маринковски

моб:078/649-448

Одржана деветта седница на советот на Општина Јегуновце

На ден 26.05.2022 година со почеток во 11:00 часот се одржа деветта седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.

На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Валентина Марчевска, пристуни беа сите петнаесет советници и градоначалникот Димитар Костадиноски.

Извршена дезинсекција против комарци на цела територија на општина Јегуновце

Изминатава ноќ е извршена дезинсекција против комарци.
Со оваа дезинсекција против комарци опфатени се сите предвидени локации во населените места, сите излетнички места на територија на општина Јегуновце, според унапред донесен план.
Во престојниот период следуваат уште две прскања.

Започна кампањата „ Мојот данок, за мојата општина! “

До подобри општини, со навремено подмирување данок на имот.

Општина Јегуновце како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“

Едукативната кампања „ Мојот данок, за мојата општина! “има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината.

Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но, и законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот.

Секој граѓанин-даночен обврзник треба да знае дека со навремено подмируваме на данокот на имот, го полни директно општинскиот буџет, преку кој се реализираат сите планирани јавни и инфраструктурни проекти. Со ова, едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за развојот на општината, која во иднина ќе ја красат: нови градинки, нови игралишта, нови улици, нови училишта, ново осветлување, нови паркови, еколошки проекти, нови проекти за економски развој.

Оваа кампања оттаму, цели и да придонесе кон навремено и прецизно информирање на даночните обврзници за сите права и обврски, како и правата и обврските на општината поврзани со данокот на имот.

За да дознаете повеќе за данокот на имот погледнете го видеото:

Информации повеќе од летокот објавен на линкот: Мој леток!

Во тек е осмата седница на советот на општина Јегуновце

Во тек е осмата седница на советот на општина Јегуновце на која што се носат значајни одлуки поврзани со функционирањето на општината. Пред советниците на дневен ред се повеќе точки на разгледување, кои се однесуваат на усвојување на финансиски извештаи, предлог – одлуки кои е однесуваат на тековни и идни активности и проекти што ќе се реализираат. Транспарентното работење на советот на општина Јегуновце ќе продолжи во иднина, а граѓаните секогаш ќе бидат информирани за одлуките што се носат од страна на телата и органите на општина Јегуновце.

 

 

Accessibility