Денес 09.09.2020 година – Градоначалникот Дарко Блажески оствари работна средба со директорите на основните училишта во општина Јегуновце.

Дискусијата на овој работен состанок се одвиваше оклолу започнувањето на новата учебна година.

Од страна на основните училишта ќе бидат поднесени барања за настава со физичко присуство на учениците до Министерството за образование и наука кое е должно да испрати  комисија која би утврдила дали се исполнети сите протоколи за одвивање на ваков вид настава.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце