Ми претставува чест и задоволство денеска да одбележиме значаен јубилеј на институцијата што од неодамна ја раководам. Денес одбележуваме 25 години од формирање на општина Јегуновце како единица на локална самоуправа, односно на денешен ден пред 25 години се конституираше првиот Совет и се одржа првата конститутивна седница со што официјално започна со функционирање општина Јегуновце.

Сакам да упатам благодарност до сите чинители кои допринесоа општина Јегуновце денес да биде локална самоуправа и институција што ги решава проблемите на граѓаните. Во знак на благодарност доделив благодарници за особен придонес и промоција на општина Јегуновце на вработените во општина Јегуновце, основните училишта „Александар Здравковски“ од Јегуновце, „Симче Настовски“ од Вратница, „Шемшово“ од Шемшово вклучувајќи ги и подрачните училишта, ЈОУДГ „Јаболчиња“ од Јегуновце и Библиотека „Светлина – Дрита“, како и истакнати спортисти и млади кои беа симболично финансиски наградени како знак на благодарност за постигнатите резултати и промоција на општина Јегуновце. Сите заедно, јас како градоначалник, Советот, граѓаните, институциите имаме обврска и потреба заеднички да работиме, да носиме одлуки за подобрување на животот на сите нас кои живееме во населените места во општина Јегуновце. Нека ни е честит денешниот јубилеј 25 години од формирање на општина Јегуновце.

Accessibility