18 Декември 2016 година, Општина Јегуновце одбележува 20 години од нејзиното формирање.

По повод денот на Општина Јегуновце Градоначалникот Тони Коцески, упатува честитки до сите жители на оваа општина.

На денешен ден пред 20 години се конституирал првиот повеќепартиски совет на Општина Јегуновце со што се исполни желбата на жителите од овој крај,да имаат своја општина која ќе биде поблиска до граѓаните.

За овие 20 години во Општина Јегуновце се изградени водоводи, резервари, канализации, локални патишта и улици, спортски игралишта, мрежа за улично осветлување, реконструирани се училишта и домови на културата, изградена е библиотека, градинка, спортска сала, со што значително се подобрени условите на живеење на граѓаните на Општина Јегуновце.

Изготвил: Стојанче Антовски
Општина Јегуновце
Accessibility