Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој отвори повик за поддршка на земјоделци за Инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства и финансиска поддршка за Набавка на систем за наводнување (капка по капка, конструкција на бунари и други зафати со површински води). Ги охрабруваме земјоделците од општина Јегуновце да аплицираат и да ги искористат финансиските погодности од програмата за рурален развој. Крајниот рок за аплицирање е 27.01.2022 година. За подетални информации можете да се обратите во подрачната канцеларија на Агенцијата за финансиска поддршка во Тетово.

Accessibility