Локалната самоуправа на Општина Јегуновце со градоначалникот Дарко Блажески на сите жители на Репулика Македонија им го честитаат 23-ти Октомври денот на македонската револуционерна борба, со искрени желби за мир, благосостојба и подобра иднина.
По повод денот на македонската револуционерна борба им оддаваме почит на шестте великани кои ги удрија темелите на македонската револуционерна борба: Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи-Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев кои воедно се и основоположници на идејата за слобода на Македонија.
23-ти Октомври e неработен ден за сите граѓани на Репулика Македонија.
Изготвил: Стојанче Антовски
Општина Јегуновце