Локалната самоуправа на Општина Јегуновце и градоначалникот Дарко Блажески на сите жители им го честита големиот македонски, национален, верски и државен празник 2-ри Август – Денот на Републиката .

– Оддавајќи и почит на историјата, достоинствено на темелот на македонскиот непокор 2-ри Август, двата Илиндена од 1903 и 1944 година, како би се продолжила вековната истрајност и традиција на најсветлите датуми на македонскиот народ за цврсто чекорење во заедништво, толеранција, соживот кои ќе не водат напред во светла и просперитетна иднина.

Денот на Републиката односно  Св. Илија е голем македонски, државен и православен празник, кој се одбележува на 2-ри Август, и е неработен ден за сите граѓани.

Изготвил: Стојанче Антовски

Општина Јегуновце