Локалната самоуправа на Општина Јегуновце со градоначалникот Дарко Блажески на сите жители на Репулика Македонија им го честитаат 11-ти Октомври Денот на вооруженото востание во Република Македонија, со искрени желби за мир,благосостојба и подобра иднина.
11-ти Октомври 1941 година, Денот на вооруженото востание во Република Македонија е симбол на исклучително значаен историски чин на македонскиот непокор и вековен стремеж за сопствена слобода на македонскиот народ. На овој ден им оддаваме најдлабока почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание кои беспоштедно ги дадоа своите животи за слобода на Република Македонија.
Нека ни е честит 11- ти Октомври!
Изготвил: Стојанче Антовски
Општина Јегуновце