Локалната самоуправа на Општина Јегуновце со градоначалникот Дарко Блажески на сите жители на Репулика Северна Македонија им го честитаат 11-ти Октомври Денот на вооруженото востание, со искрени желби за мир, благосостојба и подобра иднина.

11-ти Октомври 1941 година, Денот на вооруженото востание е симбол на исклучително значаен историски чин на македонскиот непокор и вековен стремеж за сопствена слобода на македонскиот народ. На овој ден им оддаваме најдлабока почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание кои беспоштедно ги дадоа своите животи за слобода на Република Северна Македонија.

Нека ни е честит 11- ти Октомври!

Изготвил: Стојанче Антовски
Општина Јегуновце