Локалната самоуправа на општина Јегуновце и градоначалникот Дарко Блажески упатуваат честитка по повод големиот државен и верски празник Св. Климент Охридски.

Световната улога на најграндиозниот просветител Св. Климент Охридски како најистакнат ученик на светите браќа Кирил и Методиј кој ја продолжил мисијата на православието – солидарноста и јакнењето на христијанскиот дух и вредности кај луѓето и нивно подучување и описменување.

Свети Климент Охридски е основач на Охридската архиепископија, прв епископ, основоположникот на Охридската Книжевна школа и творец на кириличното писмо, втемелувач на старословенскиот јазик како службен јазик на православната црква.

Нека ни е честит празникот и за многу години.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце