Локалната самоуправа на општина Јегуновце, советот и градоначалникот Дарко Блажески упатуваат честитка по повод утрешниот државен празник Св. Климент Охридски.
Световната улога на најграндиозниот просветител Св. Климент Охридски како најистакнат ученик на светите браќа Кирил и Методиј кој ја продолжил мисијата на православието – солидарноста и јакнењето на христијанскиот дух и вредности кај луѓето и нивно подучување и описменување.
Свети Климент Охридски е основач на Охридската архиепископија, прв епископ, основоположникот на Охридската Книжевна школа и творец на кириличното писмо, втемелувач на старословенскиот јазик како службен јазик на православната црква.
Нека ни е честит празникот и за многу години.
Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце