Локалната самоуправа на Општина Јегуновце со градоначалникот Дарко Блажески по повод празникот  Успение на Пресвета Богородица упатува честитка до сите верници од православна вероисповед.

Овој празник е симбол на верата, спасението и мајчинската љубов, нејзина посветеност кон Бога и љубовта кон луѓето што ни говори за нејзината големина и улога во христијанството.

Во Македонија мајката божја е цврсто всадена како закрилник на мајките и жените и продолжува да е извор на безусловна љубов кои тие ја даваат кон своите деца.

Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, 28 Aвгуст (среда), е неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Република Северна Македонија.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце