По повод најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, Градоначалникот на општина Јегуновце Тони Коцески упати честитка до сите верници од православна вероисповест, во честитката се вели:
– Духовната вредност на овој голем христијански празник Воскресението Христово – Велигден не потсетува на значењето и вредноста на човечкиот живот исполнет со покајание, молитва и пост. Со Воскресението Христово се празнува победата на Животот над смртта, неговата големина, добрина и семоќ. Во овие убави денови на празнување Ви посакувам воскресенска светлина и среќни велигденски празници, исполнети со разбирање, благодет и спокој во секој дом.
За многу години да ни е празникот,
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ – НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!

Изготвил: Стојанче Антовски
Општина Јегуновце