07 Јануари 2017 година Градоначалникот на Општина Јегуновце, Тони Коцески на сите православни христијани им го честита денот на Христовото раѓање – Божиќ, во честитката се вели:
– Во духот на христијанството, Божиќ е најголемиот и најрадосниот христијански празник, празник на светлината, надежта и спасението. Христовото раѓање е голем и светол настан за човековиот род, поттик за надеж и верба во животот, љубов и радост во секој наш дом.
Нека е честит празникот и за многу години!
Среќен Божиќ. Христос се роди.
Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце