По барање на месното население од с.Јанчиште и нештедливо залагање на градоначалникот Дарко Блажески решен долгогодишниот проблем со кој се соочуваат жителите на с.Јанчиште.

ЕВН Македонија во соработка со општина Јегуновце реализираше проект за пренасочување на дистрибутивната мрежа далековод со висок напон кој поминуваше над самото основно училиште и спортско игралиште во населеното место Јанчиште.

Техничките зафати во дистрибутивната електромрежа се одвиваа неколку дена а средства за успешна реализација се обезбедени од страна на ЕВН и општина Јегуновце.

Градоначалникот Блажески направи увид во градежните активности каде констатирано беше дека преземените активности се одвиваат според зацртаната динамика на изведба на овој проект.

Со овој зафат во дистрибутивната мрежа е решен уште еден проблем во населените места на општина Јегуновце за кој градоначалникот Блажески им вети на самите жители.

Изготвил: Стојанче Антовски
Општина Јегуновце