Градоначалникот Дарко Блажески им го честита првиот училишен ден на сите ученици и им посакува многу успех во школувањето.

Денес ги посети и им посака успешно добредојде на првооделенците од сите основни училишта во општина Јегуновце.

За време на средбата за сите првачиња од централните и  сите подрачни училишта имаше обезбедено пригодни подароци од Општина Јегуновце за успешен почеток на учебната година.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце