Денес сме на увид на инфраструктурните зафати во рамките на проектот за колектор на фекална канализација, односно поврзување на населеното место Жилче со системот на канализација на населеното место Шемшово. Со завршување на градежните зафати и ставање во функција на колекторот, жителите на Жилче веќе можат да се приклучат на фекалната канализациона мрежа.
Со функционирање на колекторот за поврзување се решава деценискиот проблем на жителите од населеното место Жилче и веќе истите ќе имаат функционална фекална канализација. Јас како градоначалник на општина Јегуновце ветив подобрување на условите за живот на жителите преку реализирање на проекти и тоа ќе продолжи континуирано во сите населени места и во различни сфери од надлежност на локалната самоуправа.
Accessibility