Во рамките на редовните теренски активности, денес сум во посета на централното основно училишта „Александар Здравковски“ од Јегуновце, и во дел од подрачните училишта од населените места, се со цел директно да се запознаам со состојбите во училиштата. Со директорката и просветните работници разговаравме за тековните проблеми и потреби со кои се соочуваат и како да изнајдеме решение за подобрување на условите за образование. Имав прилика да поразговарам со дел од учениците и ги слушнав нивните размислувања, а воедно како градоначалник ги запознав со функционирањето на општина Јегуновце и надлежностите што ги има во делот на образование, а воедно им го врачив грбот и знамето на општина Јегуновце како основни обележја на општината. Во скоро време учениците ќе бидат гости во просториите на општина Јегуновце и детално ќе се запознаат со работењето на локалната самоуправа. Теренските посети на училиштата ќе бидат редовен составен дел од мојата работна агенда. Kако градоначалник на општина Јегуновце ќе се залагам за поголема соработка, како и за реализирање на проекти од областа на образование, за да им овозможиме на најмалите жители на општина Јегуновце подобри услови за едукација. Наставата во училиштата во општина Јегуновце се реализира со физичко присуство, со почитување на мерките за заштита од КОВИД 19.

Accessibility