На особено задоволство градоначалникот Димитар Костадиноски се сретна со свештените лица протопрезвитер Александар Стојановски, протопрезвитер Жарко Мицковски, презвитер Илија Сламков и ѓакон Илија Деспотовски. -Имавме плодна средба на споделување на заеднички мислења и пораки за црковните прашања и потреби, но и заеднички пораки за негување на религијата, верата, традиционалните вредности кај граѓаните од општина Јегуновце од православна вероисповед. До свештените лица упатив голема благодарност за денешната посета и за честа што можевме да разговараме и да ја зајакнеме соработката за црковните и верски прашања. Јас како градоначалник на општина Јегуновце секогаш стојам на располагање за поддршка и помош до сите верски претставници и лидери и до сите граѓани кои се дел од општина Јегуновце без разлика на верска припадност. Само така сите сплотени и заеднички ќе ги надминеме разликите и предизвиците.

 

Accessibility