Управата за хидрометеролошки работи издаде предупредување дека под влијание на серија влажни бранови денес попладне а и во наредните неколку дена времето ќе биде облачно и нестабилно, на повеќе места меѓу кој е и општина Јегуновце каде се очекува да ја зафатат обилни врнежи од дожд.

На некои места процесите ќе бидат во форма на невреме проследено со грмежи, засилен ветер и појава на град.

По најавата за невремето кое ќе ја зафати Република Северна Македонија во следните денови, градоначалникот Дарко Блажески го свика Кризниот штаб за заштита и спасување на општина Јегуновце, на кој се направи план и распоред на делување на критичните места каде постои ризик од поплави.

Екипата на кризниот штаб на општина Јегуновце внимателно ја следи состојбата поради опасност од излевање на Река Вардар во неколку населени места.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце