17.01.2017 година  – Симона Симовска со уште еден медал успешено ја претстави Општина Јегуновце и Репулика Македонија на карате турнирот во Хрватска.

После титулата Државен првак во категорија Јуниори +59кг и Балканското првенство кое се одржа во Сараево-Босна и Херцеговина  нашата Симона Симовска член на карате клубот Тигар од Беловиште продолжи да атакува кон нови победи и предизвици.

Изминатиов викенд Симона учествуваше на најмасовниот турнир во Еворпа GRAN PRIX CROATIA кој беше дел од квалификациите за престојното Европско првенство кое ќе се одржи во Софија Р.Бугарија наредниот месец. Во една тешка конкуренција од 41 натпреварувач со 3 победи и 1 пораз Симона го освои третото место и се закити со сребрениот медал со што само ја зацврсти својата позиција во репрезентацијата. Се надеваме и веруваме на уште еден успех и на Европското првенство во Софија.

Општина Јегуновце се гордее со успесите на Симона Симовска и дава целоска подршка на карате клуб Тигар предводен од тренерите Живорад и Сребра Мишовски.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце