Општина Јегуновце 18.04.2017 година – завршен е со санација постоечкиот објект во н.м Прељубиште.
Објектот кој подолго време беше користен како средно стручно училиште повторно е оспособен и се врши негова пренамена за нова детска градинка.
Од страна на Министерсвото за труд и социјална политика обезбедени се средства за опремување на новата детска градинка и во скоро време се очекува истата да биде опремена.
Ова е уште еден од низата успешни проекти на Општина Јегуновце и Градоначалникот Коцески кој е од голем интерес за сите а посебно за најмладите.
Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце