По одржан состанок на градоначалникот Дарко Блажески со сопственикот на сепарацијата и приватното лице во заемна соработка и желба жителите од населените места што побрзо да добијат вода за пиење позитивно решен неколку дневниот спор, успешно отклонет дефектот на високо напонската мрежа од далеководот кој го снабдува со струја регионалниот водоснабдителен систем во с.Јегуновце.

Градоначалникот Блажески во придружба на дежурна екипа на ЕВН Македонија излегоја на терен во текот на денешниот ден каде  ЕВН Македонија презеде мерки за санирање на дефектот.

Се известуваат жителите од населените места кој се снабдуваат со вода за пиење од регионалниот водоснабдителен систем дека пумпната станица е вклучена и во текот на денот вода ќе има секое домаќинство.

Изготвил: Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

 

Accessibility