Општина Јегуновце во соработка со надлежното јавно претпријатие, започна со континуирани активности за санација и подобрување на системот за јавно осветлување во населените места. Во населените места Копанце и Жилче извршена е замена на дел од дотраените светилки, а во наредниот период ќе се работи на терен во сите населени места. Истовремено на повеќе локации ќе бидат поставени нови светилки се со цел да се подобри јавното осветлување и подбрување на безбедноста во ноќните часови. Уличното осветлување како дел од надлежностите на локалната самоуправа ќе биде постојано одржувано, а дефектите на системот ќе бидат редовно сервирани.

Accessibility