Русино останува забранета зона за отпадот од полошките општини меѓу кој и општина Јегуновце, блокадата која е организирана од страна на Граѓанската иницијатива Стоп Русино е продолжена по четврти пат.

Активистите не дозволуваат пристап на камиони кои носат ѓубре до депонијата, веќе неколку дена не можеше да се транспортира насобраниот смет од кантите и контејнерите  на регионалната депонија во Русино.

Како локална самоуправа на Општина Јегуновце работиме на изнаоѓање решение за овој горчлив проблем со кој се соочуваат жителите и повикуваме на трпеливост и нивно разбирање.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце