По барање на Градоначалникот Дарко Блажески на ден 05.08.2019 година во Општина Јегуновце се одржа работна средба во рамките на проектот Подобрување на отпорноста од поплави во организација на УНДП и двајца швајцарски експерти.

На средбата беше дискутирано на повеќе теми за конкретни предмети, од страна на Градоначалникот Блажески им беа посочени критичните места на кои поради висок водостој во изминатите години доаѓаше до излевање на водата од коритото на реката Вардар која причинуваше материјални штети од големи размери.

По завршување на состанокот беше извршена посета на терен по течението на река Вардар во населените места: Јегуновце, Раотинце, Копанце и Туденце.

Средства за санирање на критичните места ќе бидат обезбедени  од Швајцарската влада.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце