Денес  17.09.2019 година во просториите на Општина Јегуновце се одржа работна средба помеѓу градоначалникот Дарко Блажески и претставници од Украинска Амбасада.

На оваа средба градоначалникот им ја објасни состојбата на локалната самоуправа,  потреби со кој се соочуваат жителите од оваа општина, беа разменети повеќе меѓусебни мислења кој се од општо добро за сите нас.

Посебен акцент на средбата беше ставен за животната средина, прочистување на отпадните води односно решавање на проблемот со јеловината и чистење на шестовалентниот хром.

Со средства и помош  од Украинска Амбасада, по барање и заложба на градоначалникот Блажески овој проблем во  најбрзо време се очекува успешно да биде решен.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце