Почитувани, македонското здружение на млади правници ги поканува заинтересираните граѓани на Општина Јегуновце кои се со слаба материјална и финансиска состојба да присуствуваат на едукативната сесија за правно зајакнување на ден 12 Ноември 2019 година- Вторник, 13:00 часот во салата за состаноци на општинската здрада во Јегуновце.

На оваа сесијата жителите на Општина Јегуновце од населените места ќе имаат можност да слушнат практични совети за најчестите правни проблеми со кои се соочуваат секојдневно, а ќе имаат и можност да постават прашање и да добијат директен одговор од адвокатите кои ќе ја водат сесијата.

Целта на сесијата е правно зајакнување на населението кое поради својата слаба материјална и финасиска состојба не е во можност да ги оствари своите права загарантирани со закон. Правилно и навремено информирање на граѓаните и споделување практични совети со нив ќе придонесе кон подобрување на нивниот статус и состојба во општеството.

Прилог – Агенда

Едукативната сесија ја организира Македонско здружение на млади правници во рамки на проектот „Мобилни тимови за правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи“, спроведуван во партнерство со Правно информативниот центар Љубљана, Р.Словенија, а финасиски поддржан од Европска Унија.

Ве очекуваме!

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце