Општина Јегуновце 14.09.2016 година – ОУ „Александар Здравковски“ од Јегуновце доби нова термо фасада преку проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција. Ворамките на активностите учениците од ова училиште спроведоа повеќе активности со нивните врсници од ОУ „Шемшово“.
На денешната свеченост во Јегуновце по повод завршувањето на фасадата меѓу присутнитните беа и градоначалникот на Општина Јегуновце Тони Коцескии аташето за воздухопловство во амбасадата на САД во Скопје потполковник Џенифер Форд.
Со оваа термофасада која е од големо значење, учениците ќе учат во подобри услови, ќе имаат потопла зима како и ќе се заштеди со средства наменети за греење.
Општина Јегуновце и ОУ „Александар Здравковски“ како идосега остануваат отворени за соработка со УСАИД при Амбасадата на САД во Скопје.
Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце