Општина Јегуновце 2017 година – Отворена подрачна библиотека во ОУ во населено место Рогачево а е на иницијатива на Живко Јаневски-Шарски писател кој е родум од населено место Рогачево а подолго време живее и работи во Белград -Србија. Живко Јанески за почеток подари 20 негови книги и 50 книги од југословенски автори а се очекува наредната година овој фонд да изнесува двојно повеќе.
Свое обраќање имаше и градоначалникот Коцески кој му се заблагодари за ваквиот гест на Живко Јанески-Шарски кој со своите дела го величи пред се Рогачево и општина Јегуновце и му додели признание за континуирано работење и придонез за развојот на литературата,културата и меѓународната афирмација на општина Јегуновце и село Рогачево, и за основање на првата локална библиотека во с.Рогачево. Исто така додели признание и на Стеваноски Владимир за успешна соработка и придонез за развојот на општина Јегуновце, а како знак на општествено признание за посебни достигнувања во образованието на ученичката Бојана Јанческа која освои трето место на државен натпревар по македонски јазик и додели парична награда.
Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце