Општина Јегуновце 2019 година – Во завршна фаза се активностите околу остранување на руинираниот објект кој се наоѓа во самиот двор на подрачното основно училиште во населено место Јанчиште.

Овој објект кој изминатиов период претставуваше опасност и грда слика како за учениците така и за останатите жители од населено место Јанчиште беше успешно остранет од самиот училишен двор.

По барање на месната заедниза од населено место Јанчиште во заемна соработка со градоначалникот Блажески, Општина Јегуновце со ангажирана механизација на терен успешно се справи со овој проблем.

Обезбедени средства: Буџет на општина Јегуновце.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце