Невладината организација Милениум, гледајќи ја потребата од грижа на старите лица што доаѓа како резултат на масовната емиграција на млади луѓе од Северна Македонија, особено од Полошкиот регион, ја анализираше состојбата на терен, изготви конкретен план за акција и го изготви и го доби проектот “Социјални услуги – грижа на стари лица во домашни услови“ кој е финансиран од Светска Банка, поддржан од Министерството за Труд и Социјална Политика, а се реализира од страна на НВО Милениум во партнерство со општините Желино, Теарце и Јегуновце.

Во рамките на овој проект се планира обучување и вработување на 30 лица, исто така услуга ќе добиваат 90 семејства, по 30 во секоја општина.

За грижа на семејствата ќе бидат ангажирани заинтересирани кандидати кои мора да имаат завршено најмалку средно образованије, а истите ќе бидат обучени од „Neting School“ која е акредитирана од Центарот за Образование на Возрасни за програмата „Грижа за стари лица “.

По завршувањето на обуката, кандидатите што успешно ќе ја поминаат тестирањето, истите ќе бидат сертифицирани и ќе се вработат од невладината организација „Милениум“.