Општина Јегуновце ќе додели 100.000 денари финансиска помош за погодениот регион од земјотрес во Република Албанија.

На одржаната  триесетта седница на советот на општина Јегуновце се одвоија 100.000 денари, средства за хуманитарна помош за граѓаните на Република Албанија погодени од силниот земјотрес во Драч и околината.

Одлуката се донесе едногласно од страна на сите советници која беше подржана и од градоначалникот Дарко Блажески.

Локалната самоуправа на општина Јегуновце изразува сочуство до семејствата на загинатите и посакувајчи им побрзо оздравување на повредените.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце